Агро бизнисВестиТоп вести

Откупните цени на оризот носат загуби – Македонија сама ќе си произведува семенски материјал

„Оваа година сме дојдени во процес каде што во Земјоделскиот институт ќе се произведе базичен материјал од семе од ориз кое што понатаму ќе може да се пласира на заинтересираните семепризводители во Македонија, кои што пак од следната реколта ќе може да ги снабдат заинтересираните призводители на ориз со семенски материјал призведен во Македонија со гарантирана сортна чистота и гарантирана здравстевна состојба, велат од Институтот. 

Пролетната сеидба на ориз е во тек, но земјоделските производители од кочанско се соочуваат со сериозна неизвесност и страв непосредно на самиот почеток на новата сезона, имајќи го предвид досегашното искуство со ниските откупни цени кои, како што велат, носат исклучиво загуби.

Освен поскапите препарати, ниската откупна цена и скапата нафта, уште поголем проблем за кочанските оризопроизводители е недостатокот на сертифициран семенски материјал.

„Семенски материјал оваа година немам сеидба, очекуваме дека државата ќе помогне да влезе одредена количина за нас земјоделците, да можеме за 2027 година да влеземе со семенска роба, но з ажал оваа година ќе влеземе со меркантил“, велат производотели на ориз од кочанско“

“Цената на оризот паѓа одиме во минус“, вели друг производител.

Дали и што конкретно презема Министерството за земјоделие со цел да го реши проблемот со недостаток на семенски материјал, министерот Трипуновски, рече дека Институтот за ориз во Кочани веќе работи на производство на семенски материјал.

„Таму веќе се работи на домашно производство на семенски материјал, таму имаме сериозен прогрес и оваа година ќе бидат употребени првите количини“, рече министерот Трипуновски.

По поканата упатена до нашиот медиум, од страна на министерот, Телевизија 24 денес го посети Институтот за ориз во Кочани и прашавме, дали годинава, како што впрочем тврди Трипуновски,  производителите на “белото злато” ќе можат да набавуваат сертифициран семенски материјал со докажан квалитет? Од Институтотот за 24 вести изјавија-

„Оваа година сме дојдени во процес каде што во Земјоделскиот институт ќе се произведе базичен материјал од семе од ориз кое што понатаму ќе може да се пласира на заинтересираните семепризводители во Македонија, кои што пак од следната реколта ќе може да ги снабдат заинтересираните призводители на ориз со семенски материјал призведен во Македонија со гарантирана сортна чистота и гарантирана здравстевна состојба, велат од Институтот.

Инаку, повеќе од 20тина години во Институтот нема производство на квалитетен семенски материјал за оризот, а според планот за наводнување на Водостопанство „Брегалница“ годинава во кочанскиот регион ориз ќе се посеее на површина од 4.000 хектари.

 

Поврзани новости

Back to top button