Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево со умерена облачност, попладне локален дожд и грмежи
Четврток снег на планините и спуштање на температурите
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во среда ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.





