Агро бизнисВестиТоп вести
Претпладне сончево – попладне дожд и грмежи
Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.





