
ВестиАгро бизнисТоп вести
На лице место фатени дрвокрадци од општина Долнени сечеле дрва во село Стровија
По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Лишени од слобода дрвокрадци во општина Долнени
На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство. По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.




