Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Киро Ристевски го демантира Каракашев – Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени во целост за сите тутунари и во најскоро време

Киро Ристевски со ЈАВЕН ОДГОВОР НА АПЕЛОТ И ПРОЗИВКАТА ОД СТРАНА НА НЗМ

Почитувана Национална земјоделска мрежа и лично ВИЕ господине Ѓорги Каракашев,

Долго време ве следиме вас и неколку ,,душегрижници,,околу вас како на медиуми  ширите демагогија и со полувистини сакате да направите револт кај тутунарите, а зошто тоа го правите само вие си знаете, но едно е сигурно дека најмалку  работите за интересот на тутунарите.

Ние, не сакајќи досега да дебатираме со вас преку медиуми и не ви обрнувавме особено внимание но со овој ваш апел веќе ја преливте чашата.

Имено

Во вашиот последен коментар објавен во Зелена берза а во врска со исплатата на субвенциите за тутунот-најпрво ќе ве упатиме детално да ја прочитате Програмата за финанска поддршка-особено делот за крајните рокови за исплатата на субвенциите за предаден килограм на тутун Мерка 3.1 за реколта 2025 година и лично Вие да ги информирате тутунопроизводителите точно кога е тој рок-се надеваме дека ќе се снајдете со програмата!

Второ: Она што вие и неколкумината ,,душегрижници“ околу вас сакаат да го претстават како агонија и негрижа како од наша страна така и од институциите ЈАВНО ги информираме тутунопроизводителите дека по иницијатива на  Сојузот на тутунски здруженија, а во соработка со  Платежната агенција, сувенциите за предаден килограм тутун за СИТЕ тутунопроизводители ќе бидат исплатени во ЦЕЛОСТ (кој колку предал тутун за толку килограми ќе земе субвенции) за што Платежната агенција интензивно работи и во најскоро време ќе бидат исплатени.

И само за крај

Доколку навистина им го мислите доброто на тутунопроизводителите-а вашите постапки го зборуваат спротивното,Јавно ве повикуваме да ги тргнете рацете од тутунарите на кои освен освен лаги и нервози ништо друго не им донесувате  бидејќи на тутунарите им требаат вистински решенија на проблемите а не луѓе кои што млатат празна слама само за интереси кои вас ви се познати и оставете ги оние коишто навистина работат за интересот на тутунарите а не за лајкови по Фејсбук да продолжат одговорно да работат.

А тутунарите воопшто да не стравуваат за субвенциите, бидејќи ќе повториме уште еднаш дека СИТЕ субвенции за предаден килограм тутун ќе бидат исплатени во најскоро време.

Со почит

Дипл.Агроном Киро Ристевски-Претседател на Сојуз на тутунопроизводители.

Реакцијата на Ристевски следува по претходно објавеното соопштение од Националната земјоделска мрежа на Зелан берза https://zelenaberza.com.mk/nzm-barame-vedansh-isplata-na-subvencziite-za-tutunarite/

Поврзани новости

Back to top button