Агро бизнисВестиТоп вести

За над 50 милиони евра ќе се гради Агроцентар во Гази Баба за пласман на земјоделски производи

Станува збор за капитален логистичко-дистрибутивен центар што ќе се гради во економската зона во Гази Баба, помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, долж скопската обиколница.

Агроцентарот е капитален логистичко-дистрибутивен центар што ќе се гради во економската зона во Гази Баба, помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, долж скопската обиколница. Според проценките, комплексот треба да стане главен пункт за прием, складирање, сортирање, дистрибуција и продажба на земјоделски производи од целата држава. Проектот веќе привлекува сериозен интерес во домашната и регионалната градежна индустрија, пред сè поради високата вредност, строгите критериуми и фактот што постапката се спроведува според правилата на Светска банка за меѓународни инфраструктурни проекти.

Тендерската документација открива дека државата нема да ја избира најевтината компанија, туку изведувач што ќе понуди најдобар баланс меѓу технички капацитет, организација и финансиска понуда. Компаниите што ќе конкурираат мора да докажат дека располагаат со најмалку 100 вработени со полно работно време, како и со цел тим инженери и експерти од различни области.

Во задолжителниот кадар се бара проект-менаџер со минимум 15 години искуство, објави Слободен печат.

Поврзани новости

Back to top button