
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Итно формирање на комисија за штети за замрзнатите овошки во Преспанскиот регион
Преспа се соочува со загуби
ЛДП бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион.
По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката, посочуваат од оваа партија.
„Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, од особена важност е општината да им излезе во пресрет на граѓаните кои својата егзистенција ја обезбедуваат од одгледување на овошје.
Само така, со искрен пристап и пријателски подадена рака за помош Општина Ресен ќе покаже дека навистина се грижи и работи за доброто на своите жители“.



