Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски до пчеларите – Финансираме поставување електрични огради за заштита на пчеларниците од дивеч

Во Македонија, околу 6.000 пчелари се грижат за над 300.000 пчелни семејства.

Во пресрет на Меѓународниот ден на пчелата, во општина Гевгелија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети пчеларска фарма и присуствуваше на настан посветен на значењето и развојот на пчеларството.

Во Македонија, околу 6.000 пчелари се грижат за над 300.000 пчелни семејства. Во Југоисточниот регион, повеќе од 500 одгледувалишта и над 22.000 пчелни семејства сведочат за трудот и посветеноста кон оваа благородна дејност.

„Министерството останува посветено на развојот на пчеларството преку финансиска поддршка, едукација и воведување современи практики. За таа цел, минатата година воведовме и објавивме мерка за инвестиции во опрема за поставување електрични огради, со цел заштита на пчеларниците од дивеч“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека преку кампањата „Македонско најдобро“, се поттикнуваат граѓаните да бираат домашни земјоделски производи и нивни преработки. Со секој купен домашен производ, меѓу кои се и медот и пчелните производи, директно се поддржуваат пчеларите, нивниот труд и домашната економија

Поврзани новости

Back to top button