Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Инфлацијата ќе има катастрофални последици врз стопанството, треба да се спречи, вели Азески

Мислам дека државата уште има свои механизми со кои може да ја контролира ситуацијата пред да дојде некоја работа за која треба да се интервенира со мерки. Ние сме во секојдневна комуникација со Владата, и преку нашите асоцијации и преку нашите органи.

Висок е процентот на корупција во државата и приоритетот ни е сега таа работа. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конференцијата „Бизнис со интегритет“.

Азески предупреди дека евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици поради на стопанството.

Компаниите, додаде, сигнализираат дека се крајно исцрпени и во исчекување поради неизвесноста на ситуацијата во глобални рамки.

Мислам дека државата уште има свои механизми со кои може да ја контролира ситуацијата пред да дојде некоја работа за која треба да се интервенира со мерки. Ние сме во секојдневна комуникација со Владата, и преку нашите асоцијации и преку нашите органи.

Инфлацијата е најголемото зло што може да ѝ се случи на една држава, ќе бараме сè што е можно да се држи под контрола, да се искористат сите механизми зашто ако дојде во нашето стопанство, заради неговата структура, ќе има тешки, катастрофални последици. Мислам дека треба да направиме сè и сите надлежни институции, да не дозволиме ескалирање на состојбата, барем во делот каде што можеме да влијаеме, кај неувезената инфлација, нагласи Азески.

Компаниите, додаде, ја чувствуваат опасноста која може да дојде.

„Ова е глобално прашање и мислам дека ние тука ќе бидеме само колатерална штета. Да се надеваме и да бидеме оптимисти дека нема да дојде до најлошото сценарио, а тоа е, да завршат со преговорите оние што сега се решаваат во ОН. Тоа ќе го смири бизнисот, ќе ја смири инфлацијата, ќе ги смири сите негативности што во овој момент се присутни“, подвлече претседателот на Стопанската комора.

Поврзани новости

Back to top button