Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ТУТУНОТ ја полни каста во Прилеп – Што велат податоците за „Секе“ и „Тутунски комбинат“

Најголемиот процентуален исчекор, пак, од над 94,8 насто, е регистриран кај приходот на Секе. Компанијата, која е дел од грчка групација, од откупот, обработката и извозот на тутун инкасирала 53,3 милиони евра.

Тутун и цигари, пиво, мермер, силна прехранбена, текстилна, металопреработувачка и електронска индустрија ја обликуваат економијата на градот под Марковите кули, објави https://pari.com.mk/stobi-flips-tutunot-i-mermerot-ja-polnat-prilepskata/.  Ви пренесуваме дел од текстот.

Најголемиот процентуален исчекор, пак, од над 94,8 насто, е регистриран кај приходот на Секе. Компанијата, која е дел од грчка групација, од откупот, обработката и извозот на тутун инкасирала 53,3 милиони евра.

Со раст од близу 70 насто се издвојува и Тутунскиот комбинат, кој е еден од главните столбови на тутунската индустрија во Македонија.

МЕРМЕРОТ И ТУТУНОТ СЕ НАЈПРОФИТАБИЛНИ

Заедничката добивка на најпрофитабилните десет прилепски компании бележи раст од 8,5 насто, при што е постигнат износ од 30,6 милиони евра. Конкретно, генерираат 53 насто од добивката на споменатите повеќе од 2.500 фирми.

Најголемата заработка ја носат мермерот, тутунот и пивото. Мермерниот комбинат е предводник со остварените 12,6 милиони евра, а таа позиција не ја загрозило ниту намалувањето од безмалку 15,3 насто.

Следи Тутунскиот комбинат со 6,3 милиони евра. Во овој случај значаен е растот на добивката од речиси 116 насто.

Што се однесува до Прилепската пиварница, која е еден од заштитните знаци на градот, годишната промена е позитивна (+ 10,58 %) со исход од 2,5 милиони евра.

Од аспект на зголемувањето, и во овој сегмент доминантната позиција ја има Секе, чијашто добивка ја следи годишниот раст од 239,42 насто.

Сигурно се задоволни и во ВИК Македонија. Производството на електричните апарати за домаќинството обезбедило за 154,7 насто повисока добивка.

Целата анализа на Пари.мк

Поврзани новости

Back to top button