Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Младите ја оставаат мотиката и одат на гурбет во Хрватска

Причини зошто нашите млади ги остават мотиките и заминуваат во странство Каракашев вели дека има повеќе. -Намалувањето на домашното производство се должи на намалувањето на откупните цени и намалување на ликвидноста на земјоделците, како и непочитувањето на договорите за откуп. Тука се и климатските промени кои стануваат сè поизразени. Проблем е и отсуството на државна стратегија во делот на земјоделството. Но, можеби најголем проблем се манипулациите на трговците. Еве колку за илустрација, компирот во Струмица денес се откупува по цена од 20 денари, а на пазар во Скопје сигурно го нема под 50 денари. Па колкава маржа е тоа?! За да се спречат вакви појави имаме и Закон против нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Но, не се почитува. Во тој домен треба да видиме зајакнати инспекциски контроли, затоа што цената ја плаќаме сите – и ние земјоделците и вие купувачите – објаснува Каракашев.

Во првото тримесечје од 2026 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 46,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Оваа бројка, според земјоделците е вистински аларм дека во земјава сè помалку луѓе се заинтересирани да работат на нива.
Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа, вели дека постојат бројни проблеми во земјоделството, а како што вели, „пластичен пример е тоа што се случува во Кочани“.

-Оризот им остана, а оризарите од Кочани останаа заглавени во долгови. Знаете ли колку млади од Кочани заминаа на работа во Хрватска? А, што да прават? Произвеле храна, не можат да ја продадат, а направиле трошоци, па и се задолжиле и мора да ги враќаат долговите. – вели Каракашев.

Причини зошто нашите млади ги остават мотиките и заминуваат во странство Каракашев вели дека има повеќе.

-Намалувањето на домашното производство се должи на намалувањето на откупните цени и намалување на ликвидноста на земјоделците, како и непочитувањето на договорите за откуп. Тука се и климатските промени кои стануваат сè поизразени. Проблем е и отсуството на државна стратегија во делот на земјоделството. Но, можеби најголем проблем се манипулациите на трговците. Еве колку за илустрација, компирот во Струмица денес се откупува по цена од 20 денари, а на пазар во Скопје сигурно го нема под 50 денари. Па колкава маржа е тоа?! За да се спречат вакви појави имаме и Закон против нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Но, не се почитува. Во тој домен треба да видиме зајакнати инспекциски контроли, затоа што цената ја плаќаме сите – и ние земјоделците и вие купувачите – објаснува Каракашев.

Ристо Велков од Агросојуз во Струмица вели дека климатските промени ги намалуваат приносите, но најголем проблем е што во земјоделието остануваат само повозрасните во недостиг на соодветна земјоделска стратегија која ќе ги мотивира помладите земјоделци.

-Просечната возраст во земјоделието е висока, но ние не можеме да работиме како младите, а младите ја напуштаат земјата. Најголем проблем е што нема стратегија за земјоделството. Ниту еден министер досега не ги знае проблемите на земјоделците, затоа што тоа се луѓе од други бранши. Политиката си го диктира своето и така нивите остануваат необработени – вели Велков.

Целиот текст на https://www.slobodenpecat.mk/mladite-ja-ostavaat-motikata-i-odat-na-gurbet-vo-hrvatska/

Поврзани новости

Back to top button