Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Игор Мирчески – Зошто не треба да имаме партиски избрани Сојузи!

Да бидеме искрени до крај – денешниот Сојуз на тутунари не е независен глас на народот, туку политички инструмент создаден и контролиран од Министерството за земјоделство. Истото што го правеше СДСМ, денес го прави и ДПМНЕ. Се менуваат партиите, но системот на злоупотреба останува ист.

Коментар на Игор Мирчески – Поранешен координатор на тутунски здруженија

 

Не постои производител на тутун кој барем неколку пати во текот на овие години не си го поставил прашањето.

„Имаме ли Сојуз на тутунари?

Каде е?

За што постои и зошто го плаќаме?“

Да бидеме искрени до крај – денешниот Сојуз на тутунари не е независен глас на народот, туку политички инструмент создаден и контролиран од Министерството за земјоделство. Истото што го правеше СДСМ, денес го прави и ДПМНЕ. Се менуваат партиите, но системот на злоупотреба останува ист.

Министерот за земјоделство не создаде закон кој ќе ги штити тутунарите, туку закон со кој практично си создаде сопствен партиски сојуз, финансиран со пари од македонските тутунари. Тоа е суштината на проблемот! Со овој закон, тутунарите се принудени да плаќаат структура која наместо да се бори за нивните права – му служи на министерот. Наместо сојуз што ќе удира по маса кога има неправда, добивме административен приврзок кој молчи пред секој проблем.

Каде е Сојузот кога:

– цените не ги покриваат реалните трошоци?

– производителите тонат во долгови?

– субвенциите каснат?

– народот е понижуван со бирократија и закани?

– државата бара враќање субвенции од сиромашни луѓе додека милиони евра исчезнуваат без отчет?

Го нема.

Затоа што не смее да зборува против тој што го создал. Ова не е сојуз. Ова е партиска филијала под капата на Министерството. И најстрашното е што законот е направен токму така – за да создаде зависни и контролирани структури, а не слободни претставници на тутунарите. Наместо демократија, добивме политичка окупација на тутунопроизводството.

Во изминатите години преку овие структури поминаа милиони евра. Без транспарентност. Без јавен отчет. Министрите си заминуваат. Партиите се менуваат. Но тутунарот останува осиромашен, понижен и злоупотребен.

И додека ние молчиме, тие ќе продолжат да носат закони со кои од народот прават финансиер на сопственото политичко влијание. Ова не е политика за развој на тутунарството. Ова е организиран систем на партизација, контрола и тивко уништување на македонскиот тутунар.

 

Коментар на Игор Мирчески – Поранешен координатор на тутунски здруженија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Ставовите изнесени во колумните и кометарите не се ставови на редакцијата, затоа медиумот не сноси одоговорност за содржината на истите)

Поврзани новости

Back to top button