Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Аирлија да е! За 50 милиони евра ќе се гради агроцентар во Гази Баба кај обиколницата

Станува збор за современа агрофуд платформа која ќе биде централен логистички пункт за земјоделците од целата држава – место каде домашното производство конечно ќе добие организиран, стабилен и сигурен пласман.

Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја – современ агроцентар кој ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство.

 

Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро ќе започне реализацијата на проект вреден над 50 милиони евра.

Станува збор за современа агрофуд платформа која ќе биде централен логистички пункт за земјоделците од целата држава – место каде домашното производство конечно ќе добие организиран, стабилен и сигурен пласман.

Новиот агроцентар ќе располага со современи магацински капацитети, ладилници со најсовремена технологија, линии за сортирање и пакување, модерен дистрибутивен центар, инфраструктура за товарни возила, напредни логистички и транспортни системи.

Овој проект не претставува само инвестиција во инфраструктура – туку инвестиција во иднината на македонскиот земјоделец.

 

Со реализацијата на агроцентарот се очекува: подобра организација на пазарот, намалување на загубите, поконкурентни македонски производи, олеснет извоз, побрза и поефикасна дистрибуција низ државата и регионот.

Поврзани новости

Back to top button