Вести
Половина од родот на јаболката извезен во странство
Скоро половина од родот на јаболкото досега е извезен на странскиот пазар. Двојно поголемиот род годинава влијае и врз висината на откупните цени кои во овој период се движат од 12 до 12,5 денари за килограм, но според овоштарите трговците се престроги во проценката на квалитетот.
Недостигот на магацини или ладилници во преспанскиот регион, особено се чуствува годинава поради поголемиот род кој се проценува од 130 до 140.000 тони.
Зголемените количества се јавуваат и поради новите насади кои почнаа да се подигнуваат пред неколку години и кои сега даваат високи приноси.