Вести
Субвенции за извоз на ориз
Оризот е единствена житна култура која се извезува. Државата го помага пласманот со субвенционирање доколку овој производ се продава на странските пазари пакуван во амбалажа.
Трговците или фабриките за преработка на оризот до 15-ти јануари 2016 година можат да поднесуваат барања за субвенционирање на амбалажата за извезените количества на ориз.
Финансиската поддршка изнесува максимум 2 денари за килограм извезен ориз во соодветно пакување. Трговците кои продаваат во вреќи немаат право на субвенции.
Право за користење на овие пари имаат правните лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз.
Доколку има поднесено повеќе барања од предвидените средства, Платежната агенција субвенциите ќе ги исплаќа по системот прв дојден, прв услужен.