ОВА СЕ СЛУЧУВА ПРВ ПАТ: Земјата на кафето ќе увезува кафе
Бразил најголемиот производител и извозник на кафе во светот, ќе увезува кафе.
Државата веќе има направено договор со Виетнам за увозот на 1 милион вреќи од 60 килограми кафе од сортата „Робуста“. Токму таа, заедно со „Арабика“, се најчестите видови во светот.
Со увезеното кафе земјата ќе ја задоволи внатрешната пробарувачка. Увозот ќе биде ограничен до 250.000 вреќи месечно за периодот од февруари до мај.
Поради сушата во областите каде се одгледува кафе во Бразил, жетвата од сортата „Робуста“ е мала. Ова доведе до раст на цените од околу 15% за година дена, соопштуваат бразилските власти.
Во државата Еспирину Санту во 2016-та година се произведени 8 милиони вреќи кафе „Робуста“ – тоа е 30% помалку од претходната година.
Од друга страна жетвата од сортата „Арабика“ е рекордна. Во просек Бразил произведува околу 56 милиони вреќи кафе од различни сорти.
Бразил, со околу 290.000 одгледувачи на кафе, произведува една третина од вкупната количина на кафе во светот.