fbpx
Вести

Извезени 250 тони костен, 50 тони ќе бидат продадени за божикните празници

Најголемиот дел од вкупниот годинешен род од 250 тони веќе е пласиран во Италија, Хрватска, БиХ, Албанија, Грција, Бугарија, Романија каде што најчесто се употребува во кондиторската индустрија.

izvezeni 250 toni kosten 50 toni kje bidat prodadeni za bozhiknite praznici

 

Во европските кондиторски производи во голем процент ќе се најде познатиот по својот квалитет дебарски костен. Поволните временски услови придонесоа да се оствари рекорден род, кој на сопствениците на костенови насади им донесе добра заработка.

Распослан на над 280 хектари, а поради поволните временски услови за тоа, годинава производството се оценува како рекордно. Собрани се 250 тони костен, од нив 50 во општина Центар Жупа. Дебарскиот костен е познат и признат по својот квалитет.

chestnuts-nutrition-facts-and-health-benefits-featured

– Костеновите насади во овој регион се автохтони и се прошируваат по природен пат вели Лири Делиш, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа.

Костеновите насади се сопственост на нешто повеќе од 200 семејства. Поради големиот интерес, кој владее за откуп во последните години и добрата заработувачка, некогаш оставените костенови насади сега се се попримамливи. Така, на костеновите градини чии сопственици се во странство, пред се, во САД, сега родот го собираат нивни блиски роднини.

736px-Chestnuts

– Можам да кажам дека не останува ни зрно костен несобрано. Јас ги собрав костените сопственост на моите вујковци кои се на работа во странство. He сум вработен, па заработените пари се добредојдени не крие Едмонд Хоти.

Меѓу семејствата што задоволно ги тријат рацете од заработката се и семејствата на Рашид Абазоски, од село Отишани, Јакуп Марку од село Бомово, кој живее во Дебар, потоа Колеци, Селимоски…

– Ние со брат ми имаме костенови градини во Коњаре. Едниот брат е во САД, па ние ги собираме и костените од неговиот дел. My благодарам на Бога годинава со брат ми заработивме по три илјади евра вели задоволно Дилавер Дема.

chestnuts1-650x433

Тој не крие дека дел од костените по традиција ги чуваат за продажба, најмногу за божикните, но и за другите православни празници во текот на јануари. Кога го посетивме, тој ги подготвуваше последните количини за пазарот во Битола, каде што со носталгија се сеќава кога одел како дете, па и момче, со татко му, а потоа и со братот. Според него, откупната цена наголемо се движела 40-50 денари. Сега на пазарите таа ќе биде и трипати повисока.

– Од вкупниот годинешен род, 200 тони веќе се откупени и пласирани во Италија, Хрватска, БиХ, Албанија, Грција, Бугарија, Романија. Најчесто се употребува во кондиторската индустрија. Дел од родот или 50-ина тони ќе биде продаден сега за божикните, a мал дел и за другите православни празници потврдува Делиши.

list_1

Делиши, кој е доктор на земјоделски науки и професор на тетовскиот универзитет, оценува дека климатските услови во овој регион создаваат можности тукашниот костен да биде со висок квалитет да содржи голем процент шеќер и да има исклучително добар вкус.

– Дополнително костенот е органско производство, без употреба на хемиски препарати. Тоа е причината што него го има на многу трпези во Македонија, а сега и надвор од границите на државава додава Делиши.

Костенот најмногу го има во пограничните села Коњаре, Бомово, Селокуќи, Џепиште, Отишани, како и во неколку села во општина Центар Жупа. По својот квалитет е познат и костенот од долнореканското село Скудриње.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close