Вести
Последни подготовки за празничната трпеза
Се прават последните подготовки пред Бадник и Божик. Граѓаните ги купуваат потребните намирници. На пазарите раздвижено. На влезот се продаваат Бадникови гранчиња.
Внатре, тезгите полни. Се купуваат производи за Бадниковата трпеза. И како што е ред овој празник без ореви и костени не поминува.
Пазарџиите паметат и поубави години кога работата цутела, а граѓаните ги празнеле тезгите. Но не се предаваат, не ги напушта празничниот дух.