fbpx
Вести

Цените на храната во декември повторно паднаа

Цените на храната повторно силно паднале во декември, притиснати од значително поевтините месо, млеко и млечни производи, како и житарките, а во целата 2015 година во просек биле за 19 отсто пониски отколку во претходната 2014-та, извести во четвртокот организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – FAO.

cenite na hranata vo dekemvri povtorno padnaa

 

Индексот на FOA на кошницата клучни прехранбени производи се лизнал во декември за дополнителен 1 процент во однос на ревидираната вредност од претходниот месец, на просечни 154,1 поен. Во ноември, според ревидираната вредност на индексот, биле во минус од 1,6 отсто. Во минатата година во целина, цените на кошницата биле во просек 19,1 отсто пониски отколку во 2014 година.

„Главните причини се општо ниските нивоа на цените на храната во 2015 година, обилната понуда во контекстот на анемичната светска побарувачка и посилниот американски долар“, толкува вишиот економист на FAO, Абдолреза Абасиан.

shto-znachi-da-se-rakovodi-so-golem-lanec-na-marketi-166191

Најмногу во последниот минатогодишен месец поевтинило месото, за 2,2 отсто во однос на претходниот месец, под влијание на наглото производство на свинско во Европа и намалената побарувачка во САД на говедско од увоз. Во 2015 година во целина, месото било во просек 15,1 отсто поевтино отколку во 2014 година.

Почувствително во декември паднале и цените на житарките, за 1,3 отсто во однос на ноември, поради зајакнатата извозна конкуренција меѓу производителите на пченка и очекувањата за поголема понуда на пченица, откако Аргентина ја укина царината на извозот на оваа земјоделска култура. Во целата мината година подиндексот кој ја следи цената на житарките, вклучително и на оризот, во просек паднал за 15,4 отсто.

Ekonomija116-1
Млекото и млечните производи поевтиниле до декември за 1 отсто во однос на претходниот месец, а во целата 2015 година во оваа категорија прехранбени производи цените во просек биле за 28,5 отсто пониски во однос на просекот од 2014 година, истакнуваат од FAO.

Во декември пораснале само цените на растителните масла, за 2,1 отсто во однос на ноември, поддржани од неизвесноста во однос на приносите од сојата во Бразил. И покрај тоа, нивното ниво во 2015 година во просек била 19 отсто под онаа во 2014-та.

Благо, за 0,6 отсто, во последниот месец од 2015-та, поскапел и шеќерот, додека на ниво на целата година во просек за 21 отсто бил поевтин отколку претходната година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close