fbpx
Вести

2 милиона евра од ИПА програмата за консолидација на земјоделското земјиште

Два милиона евра до 2017 година од ИПА 2 програмата има Македонија за консолидација на земјоделското земјиште. Малите и фрагментирани површини, како и големиот број просторно раздвоени парцели, се уште се една од клучните слабости на македонското земјоделство, што го ограничува обемот на производството, создава дополнителни трошоци, оневозможува примена на современи агротехнички мерки и механизација.

Cvetkov5

Како што вели ресорниот министер Михаил Цветков, без консолидација на земјиштето не можеме да очекуваме квалитетно, конкурентно земјоделство.

Цветков истакнува дека промената на постојната состојба е комплициран и долготраен процес, особено ако се има предвид дека просечната големина на земјоделските стопанства е од 2,5 до 2,8 хектари, а на катастарските парцели 0,3 до 0,5 хектари, што е далеку под европскиот просек од 20 хектари.

2 miliona evra od ipa programata za konsolidacija na zemjodelskoto zemjishte

 

Проблем со фрагментираноста на земјоделските површини имаат сите земји во регионот и генерално, земјите во транзиција. Македонија по 2017-та година за консолидација на земјиштето ќе добие уште два милиона евра.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close