Агро бизнисБез категоријаВести
Драстично намален откупот и продажба на земјоделски производи во четврто тримесечје од 2023 година
Зголемување на откупот е забележано кај овошјето и добитокот, а значително намалување од 77.3 % има кај полјоделството.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 4 916 324 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е намалено за 47.4 %.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 71.2 %, додека кај
продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување од 31.7 %.
Зголемување на откупот е забележано кај овошјето и добитокот, а значително намалување од 77.3 % има кај полјоделството.