
И од Битола се може… или, како што би рекле битолчани: И од Битола се МОЖИ
Ако низ годините ја следевте серијата „И од Битола се може(и)“, тогаш знаете дека зад овој наслов стојат вистински приказни: стартапи кои започнаа како мали идеи, а денес се развиени бизниси со локален и регионален импакт. PREDA е веќе етаблирана организација на стартап сцената во регионот, со програми што креираа успешни основачи, компании што растат и заедница што верува дека иновацијата може да започне токму од Битола.
PREDA Plus го најавува Launching на Green Tech Pelagonia Startup Programme
PREDA Plus официјално се враќа со нова енергија и нова визија.
Ако низ годините ја следевте серијата „И од Битола се може(и)“, тогаш знаете дека зад овој наслов стојат вистински приказни: стартапи кои започнаа како мали идеи, а денес се развиени бизниси со локален и регионален импакт. PREDA е веќе етаблирана организација на стартап сцената во регионот, со програми што креираа успешни основачи, компании што растат и заедница што верува дека иновацијата може да започне токму од Битола.
Во таа насока, се отвора следната фаза: Green Tech Pelagonia Startup Programme – програма посветена на зелени технологии, одржливост, еко-иновативни решенија и паметна трансформација на локалните индустрии.
Launching Event 3 декември 2025 (вторник), 16:30 часот Porta Jazz – Битола Спикери и гости на настанот:
Сања Митровска CEO на Networker · Основачка на The Founder Games · Менторка во Green Tech Pelagonia Сања Митровска е една од најпрепознатливите фигури во регионалниот стартап екосистем. Како основачка на Networker и The Founder Games, таа има менторирано бројни стартап тимови во рана фаза, развиено програми за раст и изградени мрежи што им отвораат врати на претприемачите до знаење, инвеститори и стратешки партнери. Во Green Tech Pelagonia ќе работи како менторка со фокус на стратегија, развој на производ и стартап моделирање.
Марјан Бакревски Co-founder на Bakrevski Brewery · Alumni на PREDA Startup Programme Bakrevski Brewery е една од најпрепознатливите битолски претприемачки приказни: започна како мал семеен проект инспириран од љубовта кон craft пивото, а денес е бренд кој се издвојува по квалитетни мали серии, иновативни рецепти и автентичен локален карактер. Марјан ќе зборува за патот „од идеја до производ“, за предизвиците и за начинот на кој поддршката од претходните програми на PREDA влијаела на растот на брендот.
Никола Ковачевски Основач на Orion Tech · Технолошки претприемач · Alumni на PREDA Orion Tech е технолошка компанија која развива дигитални решенија, web платформи, индустриски системи и автоматизација за компании од различни сектори. Никола е пример за стартап основач кој со фокус и упорност покажа дека и од Битола може да се развие технолошка компанија со сериозен пазарен потенцијал. Со поддршка од претходните програми на PREDA, Orion Tech прерасна во стабилен технолошки играч кој соработува со локални и регионални клиенти. Еден од неговите продукти веќе е лансиран на глобален пазар и има склучен договор со компанија од Брегот на Слоновата Коска.
Зошто е важно да бидете на launching настанот?
Green Tech Pelagonia е следниот логичен чекор во развојот на претприемачкиот екосистем во регионот. Програмата ќе поддржи идеи и тимови што создаваат:
• решенија со еколошки импакт,
• технолошки иновации,
• агротек проекти,
• паметни системи,
• нови модели за користење локални ресурси.
Ова е програма во која стартапите не се само „интересни идеи“, туку потенцијални двигатели на регионален развој. Повик до заедницата Стартап тимови, млади иноватори, претприемачи, студенти и професионалци: Ова е момент за ново поглавје. PREDA повторно ја активира стартап сцената, а ова е само првиот од серија силни настани што следуваат во 2025 година. Присуствувајте на launching настанот и добијте директни информации од тимот зад програмата.
Организатор PREDA Plus Foundation, со поддршка на Европската банка за обнова и развој





