Нов протест денеска во Новаци, по сообраќајката на тракторист со камион кој носеше јаглен за РЕК„Битола“
Минатата недела во сообраќајката загина тракторист од Новаци
Нов протест со блокада на патот кој води кон РЕК Битола највуваат и денеска жителите на Општина Новаци од 10 до 12 часот, откако минатата недела во сообраќајка загина 71 тракторист при судир со камион кон носел јаген во РЕК Битола.
На социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пишува дека дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.
Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!
– Понеделник 27-ми мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!
А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!
Криминалците ќе одговараат!, пишува Николоски во својата објава.