fbpx
Двор и градина

Спроведување мерки за заштита од доцни пролетни мразeви

sproveduvanje merki za zashtita od docni proletni mrazevi

 

Овошките се често излоожени на опасност од доцни пролетни мразeви кои се јавуваат пред, во и после цутењето, при што можат делумно или целосно да ги уништат неотворените и отворените цутови и формираните плодови. Мерките на заштита се сведуваат на задоцнување на вегетацијата, односно пролонгирање на почетокот на цутење и спречување на температурата да не падне до критичната точка во овоштарникот. Исто така за заштита се користат и технички мерки, како што се одгледување на доцни видови и сорти и користеое на бујни подлоги кои гп задоцнуваат цутењето, како и избор на локации за садњое на овоштарници со местополпжба каде што доцни вегетацијата.

Од агротехнички мерки се препорачуваат варосуваое на стеблата и дебелите гранки со смеша од 5 кг. негасена вар, 0,5 кг. сол и 0,25 кг. сумпор во прав, прскање на овошките со разблажени фитохормонски раствори во текот на август и септември (Alfa – naftil – оцетна киселина во концентрација од 0,02 до 0,08%). Од класичните начини за заштита на овошките од пролетни мразeви кој сеуште најдува примена во време на цутење е чадењето. Oвој начин допринесува ублажуваое на ладењето на воздухот во приземните слоеви во овоштарникпт. Мерката е ефтина, но не многу успешна, бидејќи температурата се зголемува за само 0,5 дп 1,5 степен, но сепак овошките можат да се заштитат во најкритичниот период. Од материјали за оваа намена може да се користат непрегорено арско ѓубре, трула слама, плева, корови и други материјали кои споро горат и истите се палат кога температурата се приближува кон нулата. Загревање на овоштарниците со помош на печки во кои согоруваат различни материи е скапа и тешко изводлива мерка. Непрекинатото распрскување со вода во критичното време, исто така може да обезбеди зголемување на температурата во овоштарниците и да спречи појава на оштетување од доцни пролетни мразeви. Основен принцип при распрскувањето (распрашувањето) е водата да се претвори во мраз, при што се ослободува извесна количина топлина. Имено ледената обвивка ја покрива површината на цветот или формираниот плод, додека ткивото на овие органи е заштитено од зголемената температура која се ствара во тој процес. Прскањето треба да трае што подолго и со помала потрошувачка на вода. Многу важно е да се утврди моментпт на почетокот на оросувањето, кое треба да започни кога температурата во круната падне на нула степени. Ако се отпочни порано, нема да се створи мраз и мерката нема да се реализира. До колку се задоцни со оросувањето може да дојде до зголемување на мрзнењето на цветовите. Овошките се прскаат се додека трае мразот, односно се додека температурата не премине во позитивна. Најважен момент за извршување на оваа мерка е навременото информирање за појава на мраз, за која цел овоштарите потребно е да соработуваат со метеоролпшките служби.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close