fbpx
ВестиМакедонија

Процентот на население кое живее од земјоделство е минимален во последните 30 години и се намалува во сите земји на планетата

Во отсуство на работна сила, дронови берат овошје

Во последниве години, во Израел има голем дефицит во бројот на сезонски работници на полиња или насади со овошје. Всушност, според извештајот на Светска банка во јануари, глобалниот процент на население кое живее од земјоделство е минимален во последните 30 години и се намалува во сите земји на планетата, освен во неколку африкански земји, како што е Боцвана или Ангола. Во Израел, се работи само за еден процент од вкупното население.

Од друга страна, земјоделските култури мора да се одржуваат, исто како што овошјето мора да го бере некој. Од таа причина, израелскиот технолошки старт-ап Tevel Aerobotics Technologies од градот Гедера разви прототип на автономен дрон кој може внимателно и брзо да собира овошје.

Станува збор за летала кои се програмирани да собираат овошје од дрвја и грмушки, како во насади на отворено, така и во пластеници. Основачот на компанијата, Јанив Маор, изјави за The Times of Israel  дека во Соединетите Држави, Европа, Јапонија и Кина има сè поголем јаз меѓу растечката побарувачка за овошје и намалената работна сила.

„Додека лозарите инвестираат многу во системите за наводнување или во квалитетот на семето во последниве години, останува многу овошје да изгние на дрвјата затоа што нема кој да ги бере“, вели тој.

Вообичаениот дрон, произведен од Tevel, комбинира алгоритми за проценка на рамнотежата, растојанието и надморската височина, вртење и е опремен со моќен процесор, кој може да изврши пресметки што бара вештачката интелигенција која се сеќава на условите во просторот и ја насочува патеката на дронот. Леталото ги зема плодовите еден по еден и внимателно ги спушта во корпата со помош на „клешта“, која е особено нежна и благодарна за отстранување на бобинки, како што се јагоди.

Засега постојат две верзии на дронот, со дијаметар од 40 или 80 см. Покрај тоа што е внимателен, тој, врз основа на неговата програма, може да направи добра проценка дали овошјето е зрело за берење или треба да се остави да созрее.

Tevel Aerobotics Technologies е основана во 2016 година. Во првиот круг на финансирање во 2019 година собра 10 милиони долари, а во вториот што се одржа пред еден месец уште 20 милиони долари. Покрај тоа, Израелската државна агенција за иновации го поддржа целиот проект со 2,5 милиони долари, со цел да се развие сериско производство.

Додека не се случи тој момент, Tevel ќе спроведува понатамошно тестирање и пилот-проекти за насади со овошје во Шпанија, Италија и САД оваа година.https://lokalno.mk/vo-otsustvo-na-rabotna-sila-dronovi-berat-ovoshje/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close