fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Џон Дир со кабина е како да си купил и трактор и куќа

Џон Дир е брз, со преубава предница, тркалата имаат такво ‘кршеше’ што е погоден за работа на мали површини, вели Неделковски.

Љупчо Неделковски-земјоделец од битолското село Долно Оризари е сопственик на нов трактор Џон Дир 5045D 4WD со кабина. Тој е еден од покрупните сточари во регионот кој одгледува над 50 крави и телиња. За потребите на фармата сам произведува сточна храна, обработувајќи до 12 хектари земја насадена со пченка и луцерка. Иако поседува три трактори Неделковски посакувал да има и трактор од светски познатиот бренд Џон Дир, што за него од секогаш значи престиж.

-Меѓу нас земјоделците престиж е да купиш Џон Дир трактор, заради квалитетот и се што се подразбира под овој бренд. Се одлучив за трактор со кабина, зошто за мене кабината значи куќа, заштита за земјоделецот и во есен и во лето, и за есенската и за пролетната сеидба. Ќе платиш малку повеќе, но предностите се големи, а само тој што се одлучил за трактор со кабина знае што значи да си заштитен во есен од студ и дожд и во лето од горештините, вели Неделковски и редум ги набројува предностите на новиот трактор Џон Дир со кабина.

-Има разлика меѓу Џон Дир и секој друг трактор. Џон Дир е брза машина со преубава предница, тркалата имаат такво ‘кршеше’ што е погоден за работа на мали површини, или како што ние велиме ајшлак на воланот преубав, тука мислам и на вртење и кочници. Овие трактори имаат убав пренос на карданското вратило, се на се ова ја карактеризира светски познатата фирма. Исто така сакам да напоменам дека тракторот има сервис и гаранција што ми пружа сигурност. Сервис службата на „Синпекс“ е за пофалба, вели Неделковски.

Нашиот земјоделец  со новиот трактор Џон Дир 5045D 4WD со кабина, уште оваа есен се вклучува во есенската сеидба. Во рамките на неговото земјоделско стопанство произведува 300 тони силажа за исхрана на кравите, односно 40 тони зрнеста храна, 5.000 бали луцерка и 3.000 бали слама. Во фармата на Неделковски годишно се произведуваат 130 тони млеко за што е обезбеден сигурен пласман.

–  „ Клиентот позираше на трактор без кабина само за потребите на медиумот“

 

Слични написи

Back to top button
Close