fbpx
Вести

Зголемени субвенции за оризот и променети критериуми за сончогледот во Програмата за субвенции за 2019

Оризот да се одвои како посебна култура и за него да се зголеми субвенцијата од сегашните 6.000 денари на 18.000 денари за безсеменски ориз и од 12.000 денари за семенски ориз на 30.000 денари, се дел од новините предвидени во новата Предлог-програма за директни плаќања во земјоделството за 2019 година.

Програмата денеска беше презентирана на состанокот на потсекторските групи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на кој присуствуваа 50-тина претставници од земјоделските здруженија, стопански комори и компании од агросекторот.

Во секторот градинарство се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето, земјоделците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.

Се предлага и промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.

– И следната година, МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци, велат од ресорното Министерство, додавајќи дека субвенциите се креирани за да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавањето на производи со поголема додадена вредност.

Предлозите во Предлог-програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година, како што наведуваат од ресорното Министерство, биле позитивно прифатени од Подсекторската група во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за Предлог-програмата за рурален развој за 2019 година.

Откако ќе бидат финализирани Предлог-програмите, ќе бидат доставени до Владата на усвојување.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close