fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски најавува-Премија за млекото ќе биде исплатена до крајот на ноември

Директорот на Платежната агенција Бачовски за Зелена берза најавува

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски за Зелена берза најавува дека овој месец,  ноември 2023 ќе има исплата на премија за предадено млеко. За колку месеци ќе има средства засега немаме информации.Според евиденцијата последната исплата беше за месеците мај и јуни 2022 година, што значи дека премија за млекото не е исплатена за 6 месеци во 2022 година и за 10 месеци во 2023 година.

Оваа година Платежната агенција на два пати изврши исплата, еднаш за месеците од јануари до април 2022 и вториот пат за два месеци заклучно со мај – јуни 2022.

Со оваа мерка се опфатени производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Анета Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close