fbpx
ВестиТоп вести

Последните врнежи  не им ја олеснаа сеидбата на земјоделците

Последните врнежи  не им ја олеснаа сеидбата на земјоделците

Последните врнежи не ја наквасија  доволно почвата така што под знак прашалник е успешна реализација на есенска сеидба.  На подрачјето на Пелагонискиот регион наврнаа  во просек околу 10 л на метар квадратен што е многу малку. Влагата не е сразмерно застапена така што  кратко траеше радоста на земјоделците. И понатаму  е многу тешка обработката на почвата.

„Треба уште дожд за да се изора убаво о земјата. Овој дожд не е доволен , многу тешко се ора“, вели еден земјоделец од с.Лажец битолско.

Слична е состојбата и во останатите делови од Пелагонија. Пченката уште не е до собрана и има 20 -30 % пченка за жнеење. Воведувањето на нови мерки за обработка на почвата во вакви услови, применуваат многу мал број на земјоделци.

„Јас лично за мене ќе ја применам старата  мерка со орање, сметам дека е  подобро. Со кримлирање немам искуство, можеби е подобро , но не знам,  немам искуство. Ќе чекаме година две да видиме какви резултати ќе имаат оние што се одлучиле на ваков чекор“, објаснува еден земјоделец од Пелагониско кој сакаше да остане анонимен.

Од предвидените површини за сеење со пченица посеани се околу 10%. Погледите на земјоделците се свртени кон небото и велат дека секоја капка вода е добредојдена.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close