fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Maкедонските плати најниски во регионот

Северна Македонија, иако забележа едно од најзначајните зголемувања кога станува збор за просечната плата оваа година, сепак има најниска просечна плата во регионот, стои во анализата на Анадолија

Maкедонските плати се најниски во регионот. Просечната плата најмногу порасна во Словенија, за 59,35 евра, а по неа следи Србија со зголемување од 44,19, Северна Македонија со раст од 36,31, Хрватска со 18,41, Босна и Херцеговина за 14,26, и најмалку, 8 евра во Црна Гора. Србија ја надмина Босна и Херцеговина со својата просечна плата годинава, а Северна Македонија, иако забележа едно од најзначајните зголемувања кога станува збор за просечната плата оваа година, сепак има најниска просечна плата во регионот, стои во анализата на Анадолија. Сега просечната плата во Словенија е 1.181,35 евра (податоци за октомври 2020 година), Хрватска 890,41 евра, Црна Гора 525 евра (податоци за ноември 2020 година), Србија 512,19 евра, Босна и Херцеговина 490,76 евра и Северна Македонија 454,31 евра.https://faktor.mk/makedonskite-plati-najniski-vo-regionot-1

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close