fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

НАЈНОВА ВЕСТ-Протест на тутунарите-Сеедно ни е дали ќе умреме од корона или глад

Тутунарите велат дека нема да го предадат тутунот под вакви околности. Бараат итно укинување на 4-тата класа која според нив ги предизвикувала најголемиот дел од проблемите и ја уривала нормалната цена на тутунот. Бараат цената да не биде пониска од 180 до 190 денари за килограм и гаранции дека оваа цена ќе остане во текот на целиот тек на откупот.

Огромен број тутунари буквално од цела Пелагонија денеска дојдоа во Прилеп и во траење од 2 часа го блокираа патниот паравец Прилеп-Скопје кај месноста викана Заполшки мост. Тутунарите обвинуваат дека биле изиграни од откупувачите кои не го испочитувале договорот постигнат во петокот во Скопје. Велат дека ќе продолжат со протестите се додека не започне реалната проценка на тутунот. За да не дојде до радикализација и ширење на Ковид-19 со ваквите протести од Иницијативниот одбор на тутунарите побараа државата веднаш да го реши овој нивни проблем затоа што според нив  револтот бил огромен и ситуацијата лесно можела да излези од контрола. Нема да попуштат по никоја цена, велат од ИО.

„Ова веќе ќе излези надвор од контрола, веднаш под итно да дадат гаранции за тоа што го бараме, да гарантираат откупувачите кон државата, оти ова ќе прерасне во анархија, во збирања, во ширење на ковид кластери, луѓево немаат каде. Нема да се повлечат, верувајте ќе одат само напред и напред. Да не дојде до тоа, итно да си најде државата механизам да го спречи овој грабеж што се случува на тутунопроизводителите и веднаш да го реши проблемот“, вели Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунарите.

„Нам ни е сосем сеедно дали ќе умреме од настинка, корона или глад. Ако е потребно, до идната нова година ќе блокираме, ќе ја блокираме цела држава. Има светот да се чуди со блокади се додека не го постигнеме она што го бараме, а тоа е достоинствен живот, услови за достоинствен живот за сите овие луѓе што овде ги гледате. Цела година работиме, за 20 до 30 минути некој на кантер, по наредба треба да не изгори, да ни ја одери кожата и да си одиме дома со по 100 денари за килограм тутун“, истакна Васко Јосифоски, тутунопроизводител од Трновци.

Тутунарите велат дека нема да го предадат тутунот под вакви околности. Бараат итно укинување на 4-тата класа која според нив ги предизвикувала најголемиот дел од проблемите и ја урива нормалната цена на тутунот. Бараат цената да не биде пониска од 180 до 190 денари за килограм и гаранции дека оваа цена ќе остане во текот на целиот тек на откупот.

„Да отстапат тутунооткупувачите од 4 класа и сите ќе се сложат со тоа дека просекот ќе дојде минимум 180 по човек. Како единка ми се јавуваат дека откупот се движел во претходната недела 160 денари на ниво на комбинат. Не на ниво на комбинат, некој зел 100 денари, некој зел 200 денари, тоа се 160 денари. По единка договор да се постигне за минимум цена од 180 до 200 денари, тие се барањата“, потенциираше рече Флоре Грујоски, тутунопроизводител од Могила.

Инаку вчера министерот за земјдоделство оствари по втор пат средба со тутунарите во Прилеп и истакна декка до петок ќе се одвивале и протести и откуп во исто време, а во петок ќе се направел пресек од цела недела за да се утврди вистинската состојба како се проценува тутунот. Министерот Хоџа рече дека сите се согласуваат дека тутунот годинава не е со ист квалитет како лани, но тоа било нијанса, а не цели 2 класи како што сега се проценувал.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close