fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски во Новаци со земјоделците-Им ветив дека ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Заедно ќе го вратиме достоинството на македонските земјоделци, објави Цветан Трипуновски.

Денеска сум на посета во општина Новаци на средба со земјоделците.
Еден статистички податок ја потврдува катастрофалната состојба на македонското земјоделство, односно разликата помѓу 2016 и 2022 година е огромна.
Ако во 2016 година сме имале околу 80 000 хектари со пченица, во 2022 година сме имале помалку од 70 000 хектари пченица што е за над 10 000 хектари помалку, во однос на количината на пченица во 2016 година реколтата тежела над 306 000 тони, додека пак во 2022 година реколтата тежела околу 224 000 тони што е сериозен пад на производството на македонска пченица.
Наскоро доаѓаат промени во Република Македонија и земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец,

објави Цветан Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close