fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Граѓаните можат да вкусат мед и пчелини производи од 20-тина пчелари на Саемот на градски плоштад

Мед и секакви пчелини производи, како и опрема која е неопходна за пчеларите се изложени на штандовите поставени во рамките на четвртиот Саем на пчеларите на Македонија, кој беше отворен денес, а граѓаните можат да го посетат до недела на градскиот плоштад.

Мед и секакви пчелини производи, како и опрема која е неопходна за пчеларите се изложени на штандовите поставени во рамките на четвртиот Саем на пчеларите на Македонија, кој беше отворен денес, а граѓаните можат да го посетат до недела на градскиот плоштад. Посетителите можат да вкусат и купат производи од 20 – тина пчелари кои изложуваат на саемот, а со свои штандови се претставуваат и факултетите за земјотелски науки и храна и за ветеринарна медицина.

За медот, користа од неговата примена врз здравјето, но и за проблемите со кои се соочуваат пчеларите, говореше претседателот на Пчеларската федерација на Македонија, Јане Марков, кој денеска го отвори годинешниот саем.

Тој нагласи дека пчеларството оди по нагорна линија, дека има пчелари од сите бранши, од сите старосни структури, па дури и жени пчелари. Пчеларството како што рече, станува фамилијарен бизнис со традиција, кон кој се приклучуваат и млади луѓе.

Марков ги посочи и проблемите со кои се соочува луѓето кои се занимаваат со оваа дејност, пред се финансиските, а укажа и на тоа дека во изминатите години приносот на мед бил многу намален поради различни причини, климатски промени, прскање со пестициди од страна на овоштарите, прскање против комарци.

Конечниот резултат се мртви шчели и се поголем број на комарци – рече Марков.

Во однос на плановите да се смени субвенционирањето на пчеларите, првиот човек на македонските пчелари предупреди дека за тоа треба сериозно да се размисли бидејќи постои опасност голем број од нив да се откажат од пчеларењето, што би довело и до намалување на бројот на пчелите и би била загрозена животната средина.

Главен покровител е на годинешниот саем е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, домаќин Град Скопје, а организатор Пчеларска федерација на Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close