fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Стомнароски сака да се испере од одговорноста, реагира Игор Мирчески

Доколку сакате навистина да им помогнете на тутунарите и да ја намалите штетата која вие ја предизвикавте со вашето молчење и незнаење сега ви останува единствено да го повикате премиерот и министерот за земјоделие кои самите тврдат дека имаат моќ да ги поткренат цените на класите, тоа и да го направат а се друго е само замајување на тутунарите. 

Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија  со реакција на изјавата на претседателот на СЗЗ г-ин Менде Стомнароски

 

По свадба ТАПАНИ!

Почитувани тутунопроизводители, Сојузот на земјоделски здруженија кој е партиска инсталација и вештачка творба формирана во 2019 година поради чисто лукративна природа и цел, чиј негативен резултат е видлив во последните неколку години и со кого тутунопроизводителите се доведени до раб на егзистенција и уништување на оваа важна стопанска гранка во државата и кој допринесе за зголемено и масовно иселување на производителите на тутун и воопшто на земјоделците, со јавен повик ги повика тутунопроизводителите да не склучуваат договори со откупувачите. Па оттука легитимно се поставуваат следниве прашања и констатации: Господа од Сојузот на земјоделски здруженија и почитуван претседател Менде Стомнароски, откако го преспавте и премолчивте периодот на прибирање на податоци од страна на откупните компании со што откупувачите веќе се обезбедија со кп броеви не мислите дека веќе штетата е направена, или бевте презафатени во делењето …?

Не мислевте дека до сега како Сојуз требаше бурно да реагирате, пред тутунарите да ги дадат своите податоци на компаниите или свесно чекавте да заврши оваа процедура па сега само со една изјава во проформа да се исперете од одговорност? Почитувани од СЗЗ доколку мислите дека со ова соопштение вие сте си ја покриле вашата неспособност да ги убедите откупувачите да ги поткренат цените по класи и сте успеале да ја префрлите вината врз тутунарите за се она што ќе случува во оваа реколта искрено се лажете. Затоа гледајќи ве дека не знаете како да им помогнете на тутунарите еве ви еден бесплатен совет: Доколку сакате навистина да им помогнете на тутунарите и да ја намалите штетата која вие ја предизвикавте со вашето молчење и незнаење сега ви останува единствено да го повикате премиерот и министерот за земјоделие кои самите тврдат дека имаат моќ да ги поткренат цените на класите, тоа и да го направат а се друго е само замајување на тутунарите.

Став на Игор Мирчески

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close