fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Сојузот да излези со пресметката за тутунот за 2024 година

Национална земјоделска мрежа апелира за аргументирана пресметковна вредност околу начинот на кој тие ја имат утврдено производната, но и економската откупна цена на кг. тутун за реколтата 2024 год. 

Почитувани тутунопроизводители

Според дискриминаторскиот Законот за тутун 29 февруари беше последниот законски рок според кои откупните фирми во претходните пет дена ги имаа истакнато на своите огласни табли и доставено како предлог договори до Сојузот на земјоделски здруженија. Повикувајки се на Член 13 и Член 14 од Законот за тутун откупните фирми максимално и на највулгарен начин ја искористуват монополската позиција која им ја нуди Законот за тутун.

Како Национална земјоделска мрежа ЈАВНО ги повикуваме безусловно и најитно да излезат со аргументирана пресметковна вредност околу начинот на кој тие ја имат утврдено производната, но и економската откупна цена на кг. тутун за реколтата 2024 год.  Доколку се оглушуват на нашите оправдани барања за реално утврдување на производните и економските откупни цени со целосна вклученост на нас како тутунопроизводители и трет социоекономски партнер ние Силно и недвосмислено ќе се спротиставиме на повторниот обид на грабеж на тутунарите и нашиот макотрпен труд. Времето на манипулации било од која страна е минато свршено време. Ние како Националната земјоделска мрежа НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ И НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ ПОНУДЕНИТЕ ОТКУПНИ ЦЕНИ И УСЛОВИ ВО ДОГОВОРИТЕ. Почитувани доколку овие денови од страна на откупните фирми не се искаже подготвеност за соработка во наредниот период ќе формираме широк фронт на отпор и еднаш за секогаш да ставиме крај на ова современо ропство.

Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close