fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Над 40 земјоделци од велешкиот регион добија средства од ИПАРД 2 за приклучна механизација

Земјоделците пријавиле голем интерес за Мерка 1 за набавка на приклучна механзација во рамки на ИПАРД 2 програмата

Земјоделците пријавиле голем интерес за Мерка 1 за набавка на приклучна механзација во рамки на ИПАРД 2 програмата. Од 50-тина апликанти, 40-тина биле земјоделци од велешкиот поширок регион. За МИА од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието – Подрачна едница Велес, информираа дека моментно се склучуваат договори со Платежната агенција за набавка на приклучна механизација.

Тони Тасков од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Пподрачна единици Велес, истакна дека ова се средства од последниот повик на ИПАРД 2, кој беше исклучиво за набавка на приклучна механизација за трактор.

– По потпишување на договорот земјоделецот има рок од шест месеци за набавка на механизација, по што ќе му се вратат дел од средствата во висина од 50 до 75 проценти во зависност дали е млад земјоделец дали е рурално подрачје, планинско место и други критериуми, појасни Тасков.

Тој информира дека поради доцнење, постапката сега се поклопува и со Програмата за рурален развој за набавка на трактори со буџет од Владата. Исто и за оваа програма, како што посочи Тасков, моментно се објавени резултатите и се потпишуваат договорите. Од велешкиот поширок регион за оваа програма за набака на помал трактор добиле и моментално договори потпишуваат 40-тина земјоделци, информира Тасков.

Најголем интерес пријавиле и добиле земјоделци од селата Виничани и Иванковци, а на овој последен повик има пријавени и од планинските села во Општина Чашка, како Горно Јаболчиште.

Тoj воедно информира дека до 15 март се подготвува компјутерскиот систем за информации и се надополнува со нови информации за земјоделците поврзани во врска со промени на површините на земјиштето.https://www.biznisvesti.mk/nad-40-zemjodeltsi-od-veleshkiot-region-dobija-sredstva-od-ipard-2-za-prikluchna-mehanizatsija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close