fbpx
ВестиТоп вести

Екстра македонски  корнишони се извезуваат во странство

 

 

 

Еко Оаза Самандов  е една од најголемите оранжерии во земјата на која се одгледуваат градинарски култури. Во моментов  се реализира пролетниот циклус на производство  и најзастапени се корнишоните и доматите.

 

Во сезона  кога на нашите простори се подготвува зимницата  корнишоните и доматите од оваа оранжерија завршуваат на странските пазари . Како што информира управителот на фирмата Ристо Самандов поголемиот дел од произведеното  оди за странство, додека многу мал дел останува за потрошувачи од Македонија.

 

„Производите ги продавам на познати купувачи , најзастапени се балканските држави и Русија, во последните  неколку години продаваме  и нешто на домашен пазар, но тоа е она со послаб квалитет“, вели Ристо Самандов.

 

Еколошки производи одгледани со посебни техники

Квалитетот на производите  е тоа по што се препознатливи, а водени се од мотото „Еко оаза здравје еколошки производи“.

 

„Ние секој ден консумираме храна, овошје и зеленчук. Знаеме дека и докторите  ни препорачуваат витамини и минерали,а тоа најмногу ќе го најдеме во зечленчукот и овошјето. Ако тоа не содржи нешто квалитетно, ако не е како што треба и не е добро одгледувано ќе биде отров , а не лек,  додава  Самандов при посетата на  Зелена берза во оваа фирма. Ние држиме до нашиот стандард, квалитетот да биде со еко подзнак. Контролата на нашите производи го гарантираат тоа и може да се провери. Употребуваме посебни техники кои што се реткост во Македонија. Имаме интегрална заштита, што е многу тешко да се примени на краставица во затвортен простор. Користиме  корисни, за да ги јадат штетните инсекти.  Употребуваме  хемија многу малку, посебно во периодот на пролетната сезона и можам слободно да кажам дека нашата краставица не е третирана со инсектициди. Ако не ги задоволиме  барањата на клиентите  тие нема да купуваат од нас“ посочува Ристо Самандов.

 

Државата да го заштити домашното производство

Производителите на рано градинарски култури реагираат на нелојална конкуренција од странство.

„Мислам дека треба да се контролира увозот и да се редуцира увозот на домати и краставици посебно од Албанија и Турција. Ние имаме голем трошок за енергенси, бидејќи е потребно затоплување на стаклениците, тука државата треба да не помогне. Во Албанија немаат потреба од топлење, и ваков трошок  секоја година се случува. Откако ние ќе излеземе на пазарот по еден месец  се појавуваат и  производители од Албанија, и тоа со големо количество на роба. Како се справуваме со тоа? Засега никако. Секогаш реагираме и апелираме барем  да се провери и да се контролира робата  и секако да постои декларација на производите.

 

Купувачот треба да знае, оваа роба е купена од македонски производител и чини толку пари, а оваа е од албанскиот пазар, значи секој има право да знае, а ние по рафтовите  на  маркетите  и по пазарите  на тезги не знамеме што и како се продава. Квалитетот е тој што ќе одлучи“, посочува Самандов.

Порано во Македонија имало 27 ха под стакленици. Сега состојбата е многу променета и голем дел од нив се претворени во пластеници. Причината е во скапата енергија .

Што се однесува до политиката за субвенционирање на производството  Самандов смета дека треба да се направи промена  и да се даваат на произведено, а не на површина.

„Барањата и можностите се  се различни, а ние за да направиме нешто подобро сме незаштитени од државата. Во последно време проблем е и работната рака.   Оранжериството е трудоинтензивна гранка и тешко се наоѓаат сезонски работници“, додава Самандов. Таму каде што може процесот на работа се осовременува и се користат соодветни машини. Фирмата има најсовремена машина со која се извршува калибрирање на производите и нивно пакување по стандарди кои ги бараат купувачите.

И покрај сите проблеми со кои се соочува во текот на работата сепак  „Еко Оаза Самандов“ има големи планови за во иднина.  Станува збор за семеен бизнис  татко и син што е организиран  на три локации во Штип, Дојран и Виница.

 

Од капацитетот на фирмата 36 ха се под стакленици, а на површините на отворено  на  вкупно 57 ха има овошни насади. Најзастапени се вишните, а во идниот период се планира да се засадат и други видови.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close