fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата на Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка

Српската Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4.000 тони рафинирано сончогледово масло на големо.

Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија.

Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот на есента, до нова проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури.

Српската Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4.000 тони рафинирано сончогледово масло на големо.

Владата на Република Србија на седница донесе изменета одлука за привремената забрана за извоз на еуро дизел EН 590, со што истата се продолжува за уште седум дена, имајќи предвид дека енергетската криза на светскиот пазар се уште трае како и можноста за критичен недостиг на оваа стока значајна за граѓаните на Србија, соопштија од Владата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close