fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Венцо од Видовиште одгледува 130 кози, се што поседува изградил со сопствени финансии

Трипуновски објави - потребно е да се инвестира во сточарството

Заменик министерот Цветан Трипуновски денеска беше во посета на фармерот  Венцо од Видовиште, Зрновци.
-Венцо има козарска фарма и во моментов има 130 кози. Тој се пожали дека нема никаква помош од државата, се што поседува е од сопствени финансии, нема добиено државно земјоделско земјиште за потребите на фармата, нема добиено никаква меганизација, се пожали за руинираниот канал за наводнување, за доцнењето на субвенциите како и за укинувањето на субвенциите за јариња во 2023 година.
Потребно е да се инвестира во сточарството и да се помогне на сите оние кои што сакаат да работат и да го прошируваат стадото. Имаме јасен план и програма како да им помогнеме на македонските земјоделци да бидат успешни во својата работа и со тоа да го вратиме достоинството на македонските земјоделци, објави Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close