fbpx
Вести

Рекорден извоз на брашно од Украина

Во сезоната 2017/18, Украина оствари рекорден извоз на брашно. На ова треба да се додаде и дека таа земја оствари најмал извоз на семе од маслодајна репка во последните три години. Жетвата на житарици во Белорусија добро напредува, а Романија наоѓа нови пазари за извоз на пченка.

Украинскиот извоз на брашно, во јуни 2018 изнесуваше 21.4 илјади метрички тони, што е за 23% помалку во однос на мај и за 48% помалку во однос на јуни 2017. Меѓутоа, севкупно, Украина во 2017/18 во странство изнела 429.8 илјади тони брашно, што е за 5.4% повеќе од претходната сезона, соборувајќи го со тоа досегашниот рекорд остварен во 1996/97. На ова треба да се додаде дека највисок пораст е забележан во пратките за Сингапур, кој со 20.8 илјади тони стана главен увозник на украинското брашно. Во анализираниот период значаен раст е забележан и во испораките на брашно кон Кина (54%) и Соединетите Арапски Емирати (79%) во однос на сезоната 2016/17, додека во исто време испораките за Израел и Јужна Кореа паднаа за 18%, односно за 50%.

Украина: Најнизок извоз на семе од репка

Во јуни 2018, Украина го бележи најнискиот месечен обем на извозот на семе од маслодајна репка од 0.12 илјади тони, а тоа обично се случува во последните месеци од секоја пазарна година. Како што известува UkrAgroConsult, вкупниот извоз на семе од репка во сезоната 2017/18 (помеѓу јули и јуни) беше на тригодишен минимум од 65.4 илјади тони, што претставува пад од скоро 16% во однос на претходната година (77.8 илјади тони). Како и претходно, најголем увозник беше Европската Унија, која апсорбира 78% од вкупниот извоз. Второто место, го зазеде Израел (12%), додека Турција, откако продолжи со увоз после паузата во претходната сезона, стана трет најголем купувач со удел од 5%.

Белорусија собра преку 2 милиони тони житарици

Белоруските одгледувачи ожнеаа повеќе од два милиони жито, соопшти нивното Министерство за земјоделство и храна. До 30 јули 2018, Белорусија собра житарици и мешунки од површина од 713.700 хектари, што е 33.4% од посеаните подрачја. Оваа година жетвата на житарици во таа земја започна порано од лани, а дека жетвата добро напредува потврдува и тоа што во областа Брест, завршена е на 66.4% од површината, во Гродно 51.7%, на територијата на Минск ожнеени се 32.7% од површината, додека на Гомелската, Витебската и Могилевската област житариците се ожнеени од 23.5%, 12.29% и 8.18% од посеаните површини.

Јужна Кореја стана увозник на романска пченка

Романија во јуни извезе 109.8 илјади тони пченка, што претставува пораст за 107% во споредба со истиот месец во 2017 година (53.000 тони). Клучни купувачи беа Шпанија со 75.8 илјади тони и Јужна Кореа со 28.000 тони. На тој начин, извозот на романска пченка преку пристаниште, во периодот септември – јуни во сезоната 2017/18 порасна за 41%, а во однос на минатата година на 3.2 мегатони. Како што пренесува UkrAgroConsult, Романија со тоа го подигна нивото на извоз на 4.45 милиони тони. Треба да се напомене и тоа дека освен враќањето на Иран во редот на увозници, Јужна Кореа во јуни стана увозник на романска пченка, а како и Иран, таа земја претходно своите потреби ги исполнуваше главно, со бразилска пченка.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close