fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Одгледување на бабура

Еден од ефикасните методи на одгледување на бабурата е на две странични гранки (на две стебла). Доколку се одгледува на едно стебло, плодовите се многу покрупни, но пропорционално на тоа, приносот е далеку помал. Во многу случаи, се формираат многу плодови, кои подоцна растението природно ги селектира. Во тој случај многу е тешко да се постигне правилна рамнотежа помеѓу листовите и плодовите.

Во случај на одгледување на растението на две стебла, правилниот однос помеѓу листовите и плодовите многу полесно се постигнува. Во првите фази по расадувањето треба да се создаде што повеќе лисна маса. Пред се треба да му дозволиме на растението да го создаде својот природен, џбунест облик.

Кога должината на страничните гранки (филизи. изданоци) ќе достигне должина 20-25 см. се избираат две најдобри странични гранки и се фиксираат со полиетиленски конец. На останатите странични гранки им се отстрануваат врвовите, а ги оставаме листовите.

Поради одржување на стеблото на растението во исправена (вертикална) положба се поставува носечка метална жица на конструкцијата на пластеникот во правец на редовите. Металната жица треба да биде на што е можно повисока точка (барем околу 3 м). Оставените две стебла се прицврстуваат за металната жица со полиетиленски конец. Со оваа постапка растението добива форма на буквата „V”. На секоја нодија (коленце) треба да има по еден плод. На едно растение, просечно, треба да има 2-3 зрели плодови, 2-3 во фаза на зреење. 2-3 во фаза на развој и 2-3 во зачеток. При интензивно производство со овој начин растението треба да достигне висина 180 – 200 см и приносот треба да биде 15 – 18 кг/м2.

Најпрактично е бербата кај овој тип пиперка да се одвива на секои 7-10 дена. Плодовите не треба да се оставаат долго на растението, бидејќи тоа го забавува созревањето и формирањето на другите плодови. Овој начин на производство е најисплатлив во високи пластеници и стакленици.

ПРЕПОРАЧЛИВО РЕДОВО И МЕЃУРЕДОВО РАСТОЈАНИЕ

Еден ред: 90 х 33 = 3,4- растенија на квадратен метар 90 х 30 = 3,7 растенија на квадратен метар 90 х 28 = 4 растенија на квадратен метар 90 + 40 х 45 = 3.4- растенија на квадратен метар

Два реда: 80 + 45 х 45 = 3.4 растенија на квадратен метар 80 + 50 х 40 = 3,8 растенија на квадратен метар

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close