fbpx
Агро бизнисВестиВино

ЕУ би ги разводнувала вината со вода за да го намали уделот на алкохол – Италијанците се побунија

Италијанската винска индустрија остро се спротивставува на плановите на Европската Унија за можно разредување на вината со вода за во нив да се смали уделот на алкохол.

Италијанската винска индустрика остро се спротивставува на плановите на Европската Унија за можно разредување на вината со вода за во нив да се смали уделот на алкохол.

Според италијанските медиуми, во Европа се разгледува осмислување на производството на вино без алкохол или вино со помал процент на алкохол, а крајната цел на таквиот предлог е промовирање на здравјето.

Министерот за земјоделство Стефано Патуанели најави дека Рим ќе се спротивстави на оваа идеја, а здружението на земјоделци „Колдирети“ предупреди на „измама на потрошувачите“, пренесе италијанската новинска агенција Анса.

Бунт во Италија

Весникот „Кориере дела сера“ пишува за бунт во Италија.

„Воведување на делумно или потполно намалување на процентот алкохол во виното, како нова винарска пракса претставува голем ризик и многу опасен преседа кој сериозно би го загрозил идентитетот на италијанските и европските вина“, рече во петокот престедателот на „Колдирети“, Еторе Прандини.

Продажбата на разводенто вино досега беше забранета

Продажбата на разводнето вино како квалитетен производ досега беше забранета во Европа, потсетуваат и останатите претставници на оваа индустрија.

Некои винопијци сакаат во виното да долеат обична или минерална вода за да не се напијат пребрзо, но вистински познавач на вината ги пие без некаков додаток.

На полиците на продавниците може да се најдат вина кои се декларираат како безалкохолни.

Италија прва во светот по количина на произведено вино, а годишниот приход според последните податоци изнесуваат околу 11 милијарди евра.https://nezavisen.mk/eu-bi-gi-razvodnuvala-vinata-so-voda-za-da-go-namali-udelot-na-alkohol-italijancite-se-pobunija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close