fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите да не ги потпишуваат договорите со исти цени

Сакаме зголемување за 20 насто, зашто се зголемува инфлацијата, а се зголемуваат и трошоците за производство, изјави Стомнароски.

Тутунарите да не ги потпишуваат договорите со откупните компании за новата реколта тутун додека цените не се зголемат за 20 насто, бара и апелира Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија вели дека откупувачите побрзаа да ги склучуваат договорите уште незавршен официјалниот откуп на ланската реколта (до 28 февруари) што значи дека им треба родот, но ги нудат постојните, а не нови зголемени цени по класи. Треба да се преговара за нови цени.

– Ги повикуваме тутунарите да не ги потпишуваат договорите. Ако не ги потпишат, фирмите ќе имаат непотпишани договори, што значи не ќе може да ги внесат во ИСЕТ што мора да се направи до 20 март. Друга законска можност немаме за да ги притиснеме фирмите, освен да ги повикаме тутунарите да не ги потпишуваат договорите со исти цени. Целта ни е да седнеме, да преговараме, а некои фирми веќе почнаа да се јавуваат за преговарање. Додека не се зголемат цените по класи за 20 насто, нема да ги прифатиме договорите. Откупувачите испратија договори, но со лански цени, без зголемувања по класи. Ние им одговоривме дека нема да ги потпишеме договорите, зашто не се согласуваме со понудените цени. Тие се без зголемување и се на ланското, последно, ниво од 300 за прва класа, 240 за втора и 180 за трета класа. Ние сакаме зголемување за 20 насто, зашто се зголемува инфлацијата, а се зголемуваат и трошоците за производство, изјави Стомнароски.

Злате Даноски, претседател на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп и Гоце Јончески, тутунопроизводител од Прилепско, објаснуваат дека ако не се зголемат цените ќе стане неисплатливо производството и ќе ја доведе во опасност иднината на оваа земјоделско-индустриска гранка. особено што младите немаат интерес да работат на нивите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close