fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски вели-Се подготвуваат и субвенциите за тутунот

Николовски негира дека доцни исплатата на субвенциите, која, како што истакнува, се врши редовно. 

Министерот Љупчо Николовски вчера негираше дека доцни исплатата на субвенциите, која, како што истакнува, се врши редовно.

– Се подготвуваат и субвенциите во делот на тутунот. Како никогаш досега има редовна, навремена и брза исплата на субвенции и е намален износот што доцнеше во претходните години, како во 2017 година кога сточарите има девет фази на неисплатено млеко. Денеска се исплаќаат последните фази од минатата година, вклучително и фазите кои дополнително ги внесовме преку Интервентниот фонд како поддршка преку сточарството. Оваа година, исто така, се предвидени дополнителни средства во Интервентниот фонд. Ќе ги следиме цените на влезните елементи во делот на земјоделското производство. Имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други суровини, изјави Николовски.

Обезбедени се, потенцира министерот, 400 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close