fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Изгласан Законот за забрана на нефер трговски практики со кој се ограничуваат цените на производите

Со законското решение се определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената, а Министерството за економија подготви список со над 2.600 производи, кои ќе имаат ограничена маржа до 10 %, но пред да стапи на сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи.

Собранието со 82 гласа „за“, го донесе новиот Законот за забрана на нефер трговски практики.

Овој закон ги уредува условите и начинот на вршење трговија со земјоделски и прехранбени производи, а неговата крајна цел е да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи и на тој начин да се заштити стандардот на граѓаните.

-Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика велат од Министерството за економија.

Со законското решение се определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената, а Министерството за економија подготви список со над 2.600 производи, кои ќе имаат ограничена маржа до 10 %, но пред да стапи на сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи.

-Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените. За непочитување на законските одредби, засега во предлог-решението се предвидени глоби до 20.000 евра, се наведува во соопштението на Министерството за економија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close