fbpx
ВестиТоп вести

Во Росоман ќе се отвори „Центар за храна, вино и туризам“

Во Росоман ќе биде сместен првиот центар за храна, вино и туризам, прв во Тиквешкиот регион. За таа цел во тек се градежните активности за реновирање на старото училиште каде ќе биде сместен центарот. Станува збор за активност која се реализира преку проектот „Тера вино“  од прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција.

Директорката на Фондацијата „Тиквешки вински пат“, Виолета Јанкова на денешниот инфо ден кој се одржа во Росоман,  потенцира дека проектот е вреден околу 510 илјади евра, пари од ЕУ преку ИПА програмата, а ќе го реализира фондацијата во соработка со општина Росоман и Министерството за Македонија Тракија од грчка страна.

„Во тој објект ќе има амфитеатар, сала за дегустации и изложбен дел, туристичко информативен центар и канцеларии за обука. По изградбата на овој Центар, кластерот составен од приватниот сектор од винарството, земјоделието, туризмот и типичните производи од двете страни на границата ќе имаат можност да ги изложат своите производи, да се едуцираат, да создаваат заеднички производи кои потоа ќе ги продаваат на трети пазари“ вели Јанкова.

,,Тиквешки вински пат” функционира од 2006 година. Како дел од винските патишта на Европа, од Фондацијата за во иднина најавуваат  настани на кои ќе учествуваат останатите членки, кои исто така развиваат вински туризам. Целта е да се развие тој туризам на едно повисоко ниво во македонски рамки.

извор: mms.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close