fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски – Исплатени 455.3 милиони денари за над 1770 одгледувачи на овци

Има пари за одгледувачите на овци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 30 овци кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањата за поддршка и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач или предале/заклале јагниња во преработувачки капацитети.

Висината на финансиската поддршка е 1400 денари по грло овца.

По оваа подмерка исплатени се 1771 огледувач на овци со финансиска поддршка во висина од 455.3 милиони денари.

,,Со оваа исплата ја заокружуваме финансиската поддршка за директни плаќања за обележани грла овци. Одгледувачите на овци најпрвин беа исплатени за основната субвенција од 600 денари, а со денешната исплата висината на финансиска поддршка по грло овца во вкупна вредност изнесува 2000 денари. Сите огледувачи за кои по добиените списоци од кланичните капацитети е констатирано дека имаат предадено / заклано јагниња во следниот период ќе добијат и дополнителна поддршка од 400 денари за заклано јагне” – појасни директорот Бачовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close