fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со утринска магла по одделни котлини и речни долини

Од недела пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.

 

 

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време, по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Утре минималната температура ќе се движи во интервалот од еден до девет степени, а максималната дневна до 23 степени.

Во сабота попладне ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Според прогнозата на УХМР, во сабота највисоката дневна темепратура ќе биде до 23 степени, во недела до 17 степени, понеделник и вторник до 16 и во среда до 17 степени Целзиусови.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close