До 28 Февруари пријавување за нови овошни и лозови насади, и стока

До 28 Февруари пријавување за нови овошни и лозови насади, и стока

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на младите земјоделци се мерките кои и оваа година ќе се ко-финансираат преку програмата за рурален развој. Покрај зголемувањето на конкурентноста на земјоделските стопанства се обезбедува и финансиска помош за изградба на нови локални патишта, водоводи и инфраструктурата во руралните подрачја. Преку оваа програма ќе се субвенционираат и 50 проценти од банкарските камати за земјоделските кредити. Краен рок за…

Повеќе...

Добри услови за подигнување на нови овошни насади

Добри услови за подигнување на нови овошни насади

Временските услови се идеални за подигнување на нови овошни насади. Експертите препорачуваат да се садат сорти кои се отпорни на климарските промени и кои се проверени и поседуваат соодветен сертификат за квалитет и за потекло.

Повеќе...

При подигањето нови насади да се користат квалитетни сорти

При подигањето нови насади да се користат квалитетни сорти

Ако засадувањето го извршат во овој период, овоштарите ќе можат да аплицираат со целосната документација на првиот повик кој вообичаено се објавува во март, истакна Мемедов.

Повеќе...

Пополнување на празни места во насад

Пополнување на празни места во насад

За пополнување на празните места треба да се употребуваат висококвалитетни едногодишни садници со добро разгранет коренов систем. Ако има можност, може да се употребат дури и постари садници 3-4 години.
При садењето треба да се изврши ѓубрење со 10-20 кг прегорено арско ѓубре и 500-800 гр комбинирано NPK ѓубре.

Повеќе...

Голем интерес за подигање насади со малини

  Огромен интересот во тетовско за подигање насади под малина или како што уште ја викаат црвеното злато кое името го добила по профитабилноста која ја носи. Во близина на село Камењане убавото време се искористи за да се засадат околу 5 декари под малина. Малината како култура многу малку е застапена во нашето земјоделство а како доста родна култура, барана за извоз со високи откупни цени и лесна за одгледување доста е раширена во…

Повеќе...

Се намалуваат насадите на тетовски јаболка

Се намалуваат насадите на тетовски јаболка

Тетовското јаболко, иако е надалеку прочуено по својот квалитет, од година в година го има на се помалку насади. Жално е велат производителите, што и покрај одличната клима и почва во тетовско, интересот за одгледување јаболка опаѓа. Петре Златановски од Седларце целиот живот и го посветил на јаболката. Со годините е вели се потешко – слаба откупна цена, големи трошоци за производство, многу вложен труд разбирање, работа, но традицијата на одгледување на јаболка ја продолжува…

Повеќе...

Лозарите подигаат нови насади, аплицирањето за субвенции е до 30-ти септември

Лозарите подигаат нови насади, аплицирањето за субвенции е до 30-ти септември

До 30-ти септември лозарите и овоштарите ќе можат да побараат финансиска поддршка за нови насади подигнати од 1-ви јануари до 30-ти септември 2016 година. Субвенциите се од 50 до 75 проценти, во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите, а поддршката може да биде најмногу до 2,5 милиони денари по корисник.

Повеќе...

Субвенции за подигнување нови лозови и овошни насади

Субвенции за подигнување нови лозови и овошни насади

До 30 септември лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1 јануари до 30 септември 2016 година. Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите.

Повеќе...

Ниските температури ги уништија овошните насади

Ниските температури ги уништија овошните насади

Ниските теператури кои ова вчерашното утро во некои делови од источниот регион достигнаа и до минус четири и оваа години им го уништија родот на прво расцветаните овошки. И годинава пазарите ќе останат недоволно снабдени со некои видови на овошје.

Повеќе...

Спас на овошните насади од измрзнување со создавање вештачки магли

Спас на овошните насади од измрзнување со создавање вештачки магли

Создавање вештачки магли со инсталиран систем за воздушни прскање да се применува доколку паднаат температурите под нула, тврди професорката од земјоделски на штипскиот универзитет Виолета Димовска. Според неа друго решение нема доколку сакаме оваа пролет да има овошје.

Повеќе...

Субвенции за подигнување на нови овошни и лозови насади

Субвенции за подигнување на нови овошни и лозови насади

До 29 февруари лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1 октомври до 31 декември 2015 година.

Повеќе...