fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Практични совети за употреба на Тераграмин – подобрувач на почва при одгледување на градинарски култури

 

Почвата за одгледување градинарски култури треба да биде растресита, плодна со добра структура, во која што непречено ќе се развива кореновиот систем и од каде растенијата ќе се снабдуваат со хранливи материи, вода и кислород во текот на целата вегетација. За менување на структурата на почвата и подобрување на нејзините физички својства неопходно е да се употребува Тераграмин, со што ќе се олесни обработката и ќе се намали нејзината  пластичност и лепливост. На помали површини Тераграмин може да се нанесе рачно со растурање во редовите за садење, а потоа да се исфрезира за да се измеша добро со почвата. На поголеми површини се аплицира со ѓубре-растурач пред подготовката на почвата. Прво се нанесува на површината, потоа се заорува, се додава основното ѓубриво и се фрезира за негово рамномерно инкорпорирање. При употребата на Тераграмин битно е тој да не остане на површината на земјата, туку да навлезе во корисниот слој, во кој ќе се развива коренот. Откако ќе се нанесе, тој станува составен дел на почвата и во наредните години обезбедува нејзина подобрена структура, регулиран топлотен и водно-воздушен режим, зголемен капацитет за задржување на влагата и поекономично искористување на хранливите материи од ѓубривата.

 

Препорачлива количина на Тераграмин за производство на пиперка е 4-6 кг/м2. Пиперката бара лесни, песокливи и алувијални почви, доволно светлина и вода. Со употребата на Тераграмин се разровкува почвата и се зголемува нејзиниот капацитет за задржување на влагата.  На овој начин поекономично се искористуваат водните ресурси и се редуцира наводнувањето, како и подобро се искористуваат хранливите материи од ѓубривата. Силициумот во составот на Тераграмин ја поттикнува фотосинтезата и ја интензивира размената на хранливите материи. Растенијата кои се одгледуваат на почва третирана со Тераграмин се поотпорни на биотски и абиотски стресови, особено ако расадот е произведен во смеска во која имало Тераграмин, до 20%, за побрзо прортување и развој на здраво и напредно растение.

Препорачлива количина на Тераграмин за производство на краставици е 6 кг/м2. Со употребата на Тераграмин пред садењето на краставици се постигнува побрз развој, поради подобрената снабденост со влага, хранливи материи и топлина. Краставицата е култура која бара големи количини на вода, а Тераграмин-от, ја впива во себе и не дозволува да дојде до нејзино заминување во пониските слоеви каде што нема да му биде достапна на растението.  Под почвената покорица која се создава на површината при сушно време, влажноста на почвата се задржува во и околу кореновиот систем, така што краставицата има доволни резерви на вода и растворени хранливи материи за раст и развој.

Препорачлива количина на Тераграмин за одгледување на црвен домат е 4 кг/м2. Пред садењето на доматот почвата треба да се изора длабоко, да се нанесе Тераграмин и да се обработи со фреза. Најголемата маса на кореновиот систем кај доматот се развива на длабочина од 40-50 цм, што зависи од квалитетот на почвата. Оние почви кои содржат многу глина не се поволни за добар развој на кореновиот систем, но кај почвите третирани со Тераграмин се подобрува развојот на кореновиот систем и усвојувањето на макро и микро елементите. Се поттикнуваат физиолошките процеси во растението, со подобрата редистрибуција на хранливите материи. Поради тоа се овозможува подобро формирање на плодови и поттикнување на метаболичките процеси и активности на сите делови на растението. Се скратува времето на вегетација, културите имаат забрзан раст, развој на стебло, листна маса, подобро цветање, со што се добива поквалитетен и побогат род.

Препорачлива количина на Тераграмин за одгледување лубеница е 2,5 кг/м2. Ефектите кои се забележуваа со примената на Тераграмин при производството на култури како што е лубеницата, која бара повеќе вода се: побујна вегетација, подобар и порамномерен развој, полно цветање и плодоносење, зголемен број на родни гранки за разлика од нетретираните растенија и зголемен принос. Развиената листна маса ги штити плодовите од пожолтување поради високите температури и од директна сончева инсолација, со што се добиваат здрави, зрели и квалитетни плодови.

Препорачлива количина на Тераграмин за производство на зелка е од 2-4 кг/м2 во зависност од почвата. Зелката најдобро успеава на длабока, плодна и структурна почва и има потреба од добра обработка и поголема влажност во почетокот на вегетацијата. Во своите гранули со порозна структура Тераграмин-от апсорбира до 60% течност (вода и растворени ѓубрива) кои ги прави достапни до кореновиот систем и тоа на подолг рок, затоа што не доаѓа до нивно измивање. Растенијата кои се развиваат во почва третирана со Тераграмин се понапредни во својот развој, формираат покрупни плодови и побрзо стасуваат за берба.

Квалитетот на почвата како природен ресурс е од витално значење за успешно  земјоделско производство. Но како резултат на човековите активности, прекумерното третирање со хемиски средства и интензивното ѓубрење доаѓа до нарушување на нејзиниот природен баланс. Со соодветна употреба на подобрувачот на почва Тераграмин како дел од добрата земјоделска пракса се поправаат аномалиите од неадекватните практики во земјоделството со кои бил нарушен  природниот капацитет на почвата.

 

Зелена барза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close